• Курсеви за деца
  • Курсеви за основци
  • Tab Title 2
  • Tab Title 3

Времетраење на курсот:
8 месеци, односно 32 недели или 64 наставни часови.
За една учебна година од 16 септември до 15 јуни се завршува еден степен.

Одвивање на наставата:
Два пати неделно по 45 минути, во работни денови.

Возраст:
дечиња од 4 и 5 години

Часовите за најмалите (дечиња од 4 и 5 години) се одвиваат во простории целосно прилагодени за нивната возраст.

Наставата е според најновата специјализирана програма на реномираната издавачката куќа на Универзитетот Оксфорд (Oxford University Press). Заедно, енергични и полни со фантазија, го истражуваме светот на главните јунаци од книгите и преку песни и приказни, танцување, глума и креативни работилници за прв пат се запознаваме со јазикот на нашите јунаци – англискиот.

На овој начин најмалите започнуваат да го разбираат и користат англискиот низ разновидните креативни активности кои им даваат можност да учат преку игра поврзувајќи ги сликите на картичките (flashcards) со изговорот на зборовите, како и фразите со ситуациите. Стекнуваат самодоверба во говорот и активно учествуваат во наставниот процес. На крајот на годината организираме јавен час или претстава на која дечињата и наставниците покажуваат пред родителите што научиле во текот на учебната година. Дополнителни помагала и материјали вклучени во наставата:

  • Интерактивна табла и софтвер со песни, бројанки, образовни игри, анимирани приказни
  • Кукла (puppet)
  • Картички со сликовито прикажани зборови (flashcards)
  • Постери
  • Самолепливи сликички
  • Картички со приказни
  • Материјали за креативни работилници
  • Торба со играчки (feely bag)

Подготвителен курс за првачиња

Времетраење на курсот:
8 месеци, односно 32 недели или 64 наставни часови.
За една учебна година од 16 септември до 1 јуни се завршува еден степен.

Одвивање на наставата:
Два пати неделно по 45 минути, во работни денови.

На овие часови децата го изучуваат англискиот и германскиот јазикот преку најразлични активности прилагодени на нивната возраст – музика, песни, глума, образовни игри и креативни работилници. Посебен акцент е ставен на употребата на едноставни целосни реченици во кои се употребуваат новите зборови и граматички структури со цел да се започне основна комуникација на јазикот кој се изучува. На оваа возраст децата за прв пат се среќаваат и со латиницата на тој начин што ја изучуваат азбуката во текот на целата учебна година за да бидат сосема подготвени да продолжат во првиот степен каде што познавањето на латиницата е неопходно. Истражувајќи најразлични теми од секојдневието (семејство, храна, играчки итн.) со високо ниво на позитивна енергија и мотивација децата имаат безброј можности да го повторуваат и вежбаат јазикот во средина која постојано ги охрабрува и мотивира. Дополнителни материјали вклучени во наставата:

  • Интерактивна табла и софтвер со песни, бројанки, образовни игри, анимирани приказни
  • Вежбанка за почетно пишување
  • Кукла (puppet)
  • Картички со сликовито прикажани зборови (flashcards)
  • Постери
  • Самолепливи сликички
  • Картички со приказни
  • Материјали за креативни работилници

Методологија

Научните истражувања покажуваат дека доколку децата започнат да учат странски јазик уште од најмала возраст, тој јазик со текот на времето станува нивен втор мајчин јазик т.е. децата стануваат билингвални, што претставува вистинско богатство и голема предност во животот како и нивната работна кариера во иднина.

Нашиот наставен тим користи посебни методи на предавање кои им помагаат на децата да ги развијат јазичните вештини кои соодветствуваат на нивната возраст. Ги мотивираме дечињата да го засакаат странскиот јазик, го поттикнуваме нивниот талент и ја ослободуваме нивната креативност. Па така тие се опуштаат и почнуваат да комуницираат со светот околу себе. Самата настава помага и во процесот на социјализацијата и вклопувањето во општеството, што е една од најважните воспитно-образовни цели во најраната возраст. Кај дечињата го поттикнуваме развојот на креативноста, љубопитноста, фантазијата и иницијативата.

Наставата се одвива во мали групи (3-10 ученици), а самиот пристап е индивидуален. Секое дете е посебна индивидуа и како такво е единствено, со специфичен и засебен стил на учење, на што особено внимаваме.

Во наставата се користат најсовремените методи за изучување странски јазик, имајќи ја предвид возраста, потребите, когнитивните, психофизичките и социјалниот развој на нашите најмали ученици. Англискиот се совладува преку песна и игра, танцување и дружење, со помош на најмодерна технологија за изучување странски јазици, како што се интерактивна табла и софтвер. Наставата ја изведуваат висококвалификувани наставници кои постојано се усовршуваат и го надградуваат знаењето на стручни семинари, ги следат и применуваат новитетите во методологијата за изучување странски јазик и работа со најмалите.

На крајот на учебната година учениците им го претставуваат на родителите наученото на училишната приредба.

Времетраење на курсот:       
8 месеци, односно 32 недели или 64 наставни часови.
За една учебна година од 16 септември до 1 јуни се завршува еден степен.

Одвивање на наставата:     
Два пати неделно по 45 минути, во работни денови.

Наставната програма одлично ги комбинира активното користење на англискиот и германскиот јазик преку разновидни живописни теми од секојдневието. Таа е целосно прилагодена за возраста на учениците и подразбира индивидуален пристап и работа со секое дете. Прецизно конципираните јазични единици, како граматичката структура и зборовниот фонд, овозможуваат постепено надградување на сите четири вештини потребни за слушателот да почне да го користи странскиот јазик – читање, пишување, слушање и зборување. Темите се внимателно избрани да ги мотивираат учениците и да создаваат позитивна атмосфера за учење – јазикот се учи на интуитивен, природен и забавен начин. Наставните планови исто така одат во прилог на зголемување на успехот во училиште.

Програмата се реализира во мали групи (3-10 ученици) со цел секој ученик да го добие потребното внимание. Овој број ученици е идеален за развивање динамика во разговорот и игрите, а истовремено ни овозможува да посветиме внимание на напредокот и усвојувањето на јазикот кај секое дете посебно.

Дополнителни материјали вклучени во наставата:

Интерактивна табла и софтвер со образовни игри и анимирани приказни

  • Аудио и видео материјали
  • Картички со сликовито прикажани зборови (flashcards)
  • Постери
  • Материјали за креативни работилници
  • Литература и речници
 

 

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Optio, neque qui velit. Magni dolorum quidem ipsam eligendi, totam, facilis laudantium cum accusamus ullam voluptatibus commodi numquam, error, est. Ea, consequatur.
Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Optio, neque qui velit. Magni dolorum quidem ipsam eligendi, totam, facilis laudantium cum accusamus ullam voluptatibus commodi numquam, error, est. Ea, consequatur.